Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага Анкетна комисија за пожарот во Тетово
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до претседателот на Собранието во текот на денов ќе поднесе Предлог одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и институции за пожарот во модуларната болница во Тетово, изјави денеска пратеничката Рашела Мизрахи.
Мизрахи порача дека неотповиклива оставка и понесување на одговорност од етички и морални причини за трагедијата во Тетово, мора да има.
-За жал, министерот за здравство Венко Филипче докажа дека не е тој човек. Зоран Заев докажа дека не е тој човек. Очигледно, во нив нема ниту доблест, ниту грижа на совест, ниту искреност. Во нив нема никакво чувство на одговорност за трагедијата која што се случи во Тетово, рече Мизрахи.
Обини дека наместо одговорност и одговори, во изминатите денови власта се трудела да го заташка целиот случај.
-Четиринаесет лица, четиринаесет наши сограѓани ги загубија своите животи, а на Зоран Заев и Венко Филипче око не им трепнува. Без нималку срам ја замајувата јавноста неколку дена со измислената оставка на Филипче, за потоа да се преправаат како ништо да не се случило, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.
Мизрахи побара политичка одговорност, бидејќи како што рече етичка и морална досега не поднел никој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа