Пратеничката Маркоска: Градоначалникот Стојкоски се врати со политиката „Немаме за леб а трошиме на чоколадо“ на Ставрески

-Во време на енергетска криза градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски парите на граѓаните ги троши на непродуктивни трошоци.
 Преку два договори Општина Ѓорче Петров потрошила 354.000 денари или речиси 6.000 евра на чоколади, кроасани, сокови и чаеви, реагира пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска во своето денешно обраќање.
 
-Додека Стојкоски се жали дека општината нема пари, тој средствата од буџетот на општината ги троши на сокови, чаеви и десерти. Едноставно, со Стојкоски се врати политиката „Немаме за леб а трошиме на чоколадо“ на Зоран Ставрески кој сега ја контролира работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Стојкоски бара помош од Владата жалејќи се на високите трошоци за електрична енергија а троши 6.000 евра на непродуктивни трошоци.
Ова почитувани е уште еден доказ за расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, наместо за интересите на граѓаните, функционерите, градоначалниците од оваа партија работат единствено за сопствените интереси, додаде Маркоска. 
 

21.01.2022 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега