Пратениците го изгласаа: Помина предлогот за промена на Уставот

 

Со 10 гласа „за“ и 7 „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на Владата за пристапување кон менување на Уставот.

Комисијата ја задолжи Владата во рок од 15 ден да подготви и достави текст со нацрт амандмани и да ги земе предвид забелешките изнесени на седницата на Комисијата

„За“ гласаа 10 пратеници од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, а воздржани немаше.

В понеделник предлогот на Владата ќе се најде на дневен ред на пленарна седница во Собранието.

 

 

 

12.10.2018 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега