Пратениците на Левица поднесоа над 1200 амандмани за да се спречи донесување измени на Законот за здравствена заштита

„Министерот за здравство (во заминување) - Венко Филипче, преку навидум бенигни измени на Законот за здравствена заштита, предложени по скратена постапка, денес - во Собранието на РМ - ќе се обиде да го протурка енормно штетниот план за отворање можност за приватизација на брзата помош и трансплантацијата на човечки органи“, реагираат од политичката партија Левица преку писмено соопштение до медиумите.

„Ја известуваме пошироката македонска јавност дека Левица, како идеолошки профилирана партија, застанува одлучно против внесувањето на профитната бизнис логика во јавното здравство. За нас здравјето е политичко прашање од највисок приоритет и тоа не смее да биде третирано како додаток на луксузот, кое ќе биде достапно само за богатите, а недостапно за сите останати.

За таа цел, нашите двајца пратеници во Собранието на РМ денес, на Комисијата за здравство, поднесоа над 1.200 амандмани со цел да го спречат донесувањето на овој енормно штетен закон. Бараме отворање јавна расправа за ова круцијално прашање кое е во интерес на сите граѓани и итно повлекување на овој штетен закон од собраниска процедура“, додаваат во соопштението на партијата.

15.12.2021 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега