Пратеник открива: 3aeв врши невидени притиcoци врз пратениците во Собранието за да остане на власт

Во своето гостување во утринската програма на „Телма“, пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов ијзави дека Зоран Заев, продолжувал со својата пракса да врши, како што рече, невидени притисоци во Собранието на нашата држава, со цел да ја сочува Власта.

Пратеникот Пренџов, вчерашната посета на Заев со Собранието ја смета како притисок, посочувајќи дека биле вршени закани и уцени врз пратеници, се со цел, тие да не гласаат за недоверба на Владата.

Како пример за ова дело, го наведе, делувањето на премиерот Заев врз пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи. Имено, пратеникот на ГРОМ, вели дека пратеникот Реџепи се потпишал на списокот на недоверба на Владата, за потоа да најави дека се повлекува, бидејќи Левица е дел од новото парламентарно мнозинство.

09.11.2021 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега