Правиме една грешка со средството за дезинфекција, а тоа станува неефикасно и залудно го користиме

Течното средство за дезинфекција на рацете среде пандемијата на коронавирусот буквално стана „течно злато”. Се чини дека никогаш не било поважно често да ги миете рацете и да ги дезинфицирате работите кои секој ден ги допирате.

Но, без оглед на тоа колку пати сте го користеле, се обложуваме дека и вие сте направивте една клучна грешка: сте оставиле средства за дезинфекција во автомобилот. А токму во автомобилот, температурата во летниот период е исклучително висока, а тоа е вистинскиот проблем.

Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) препорачуваат употреба на средства за дезинфекција кои содржат најмалку 60 проценти алкохол за ефикасно убивање на бактерии. Меѓутоа, средството за чистење на раце на база на алкохол обично содржи етил алкохол кој „испарува на собна температура“.

Значи, ако премногу долго го оставите во топла средина – како возилото – топлината ќе ја намали количината на алкохол, која е активна состојка која убива бактерии и вируси. Така, средството за чистење на раце во основа ќе стане неефикасно.

„Дефинитивно е проблем ако оставите средство за чистење раце во автомобил со денови или недели“, изјави д-р Грег Бојс, вонреден професор на Катедрата за хемија и физика на Универзитетот во Флорида.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега