Православно чудо во Република Српска: Икона на Света Петка мироточи

Во домот на едно српско семејство во Чечава во Република Српска, иконата на Света Петка почнала да мироточо.

Необичната глетка ја забележал синот, во 6 наутро во петокот. Сите помослиле дека е во прашање вода, но откако допреле виделе дека е масло. Ѕидот под иконата бил мокар.

„Не можам да го опишам тој мирис, како некое цвеќе, не знам точно кое. Ни самата не сум сигурна за што се работи“ рекла жената за „Курир.рс“ која сакала да остане анонимна.

Како што навела, маслото почнало да тече прво од левото око, па од крстот, а сега после неколку дена, капки има по целата икона на Света Петка.

Сведок на целата случка бил локалниот свештеник кој потврдил дека иконата мироточи и дека досега немале тако искуство.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега