Пред утрешниот состанок: Заев се сретна со нашите историчари од комисијата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на која беа присутни и претставници од Министерството за надворешни работи и Кабинетот на премиерот.

Денешните разговори се во рамки на тековните консултации во однос на работата на Комисијата пред утрешната средба со нивните бугарски колеги во Охрид.

На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега