Предлог преговарачката рамка стаса во Собранието, седница се уште не е закажана

До Собранието е доставена предлог преговарачката рамка, материјалот ќе биде доставен до пратениците, а седница за оваа точка не е закажана за вечерва, информираат од собраниската прес-служба.

-Ве информираме дека од Владата до Собранието е доставена „Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на Република Северна Македонија со ЕУ, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година, стои во соопштението.

Согласно со процедурите, посочува собраниската прес-служба, материјалот ќе се достави до пратениците и за натамошно постапување соодветно и наврмено ќе биде објавена информација.

Имајќи ги предвид шпекулациите, потенцираат дека за вечерва не е планирана седница.

-Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информиани, велат од собраниската прес-служба.

Владата претходно соопшти дека на денешната 59-та седница, ја разгледала информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија, како и дека одлучила да ја проследи до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно собраниските процедура.

И за вечерва, како и во претходните пет дена, се закажани протести пред Владата за отфрлање на предлог преговарачката рамка.

07.07.2022 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега