Предупредување од СЗО: Уште 3 симптоми на коронавирус кои никако не смееме да ги игнорираме

СЗО на списокот на досега познатите симптоми на коронавирусот како што се покачена температура, главоболка, мачнина, губење на сетилото за мирис, додаде уште три нови симптоми.

СЗО наведува дека е потребно да се тестираат луѓето кои остануваат без здив, бидејќи тоа е еден од главните симптоми на Ковид-19.

Покрај отежнатото дишење, уште еден од симптомите е болка во градите во вид на притисок. Потешкотии во зборувањето или проблеми со координација на движењето на телото се уште еден од знаците за Ковид-19.

Како што истакнуваат експертите, еден дел од заразените најверојатно ќе развијат блага клиничка слика која не бара хоспитализација, меѓутоа во тешки симптоми се вбројува тешкото и отежнато дишење, губењето на здив, болка во градите и проблем со движење на телото.

Во случај на потешки симптоми, задолжително јавете се кај лекар за да добиете соодветна терапија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега