Прегазен маж кај „Капитол“ - починал во болница, Алфите го фатиле возачот

 

Денеска, во 14:40 часот во скопски Аеродром, кај булеварот „Јане Сандански" во близина на ТЦ Капитол возач на патничко моторно возило марка Пежо со скопски регистарски ознаки удрил во пешак и истиот напуштил лице место. 

Шеесетгодишниот А.Н од Скопје веднаш со возило на Брза Помош е префлен во Ургентен Центар каде е констатирана смрт. 

Кратко по незгодата возачот на Пежото, 28-годишниот А.Р од Скопје од страна на Алфа тимовите е пронајден и приведен во Полициската станица Гази Баба, а пронајдено е и возилото. 

Полицијата врши увид на лице место.

 

 

 

24.02.2018 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа