Прегазен пешак во Ченто

Во Скопје, вчера на ул.„Методија Андонов Ченто“, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(24) удрило во пешакот А.Д.(39), двајцата од с.Арачиново, скопско.

Според информации од полицијата, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

04.12.2021 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега