Прегазен пешак во Радовиш- со тешки повреди итно пренесен во болница

 

Во текот на вчерашниот ден едно лице било пренесено во болница откако во него удрил автомобил во Радовиш.

Вчера во 18,10 часот било пријавено дека во Радовиш на улица “Илија Алексов“ патничко моторно возило “Опел Корса“ со радовишки регистарски ознаки управувано од А.Е.(62) од Радовиш удрило во пешакот С.Ј.(60) од Радовиш.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2020 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега