Прегазен пешак во Скопје


Вчера во 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Трпковски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(44) од Скопје, удрило во А.Ц.(24) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

22.03.2024 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега