Прегазен пешак во Скопје


Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ј.К.(38) од с.Марино, општина Илинден, удрило во пешакот М.Г.(64) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

29.03.2024 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега