Прегазена жена во Штип- со тешки повреди пренесена во болница

Жена прегзена во Штип, со тешки повреди префрлена во болница.

На 09.12.2020 околу 18,30 часот во Штип на крстосница од ул.„Пиринска“ и ул.„Сутјеска“, патничко моторно возило “опел агила“ со штипски регистарски ознаки управувано од И.А.(37) од Штип удрило во пешакот Р.В.(62) од Штип, информира МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Р.В., на која и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип.

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа