Прегазена жена во Скопје итно пренесена на Клиника

 

Прегазена жена вчера во Скопје се здобила со тешки телесни повреди, информира МВР.

„Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовско бригада“ патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од 67-годишниот В.М. од Скопје удрило во 59-годишната З.А. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.А., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје“, соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега