Прегазена жена во Тетово- со тешки повреди пренесена во болница

 

Прегазена жена во Тетово, со тешки повреди била пренесена во болница.

Според пријавеното, на 25.06.2020 во 15,40 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко моторно возило „Фоклсваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.А.(23) од Тетово, удрило во пешакот Џ.И.(35) од с.Слатино.

Во незгодата Џ.И. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа