Прегазена жена во Велес

Во СВР Велес вчера  во 10:40 часот  било пријавено дека на ул.„Благоја Ѓорев“ во Велес, патничко моторно возило „шевролет спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот велешанец Б.П. удрило во пешакот 50-годишната  О.Г. од Велес, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Во незгодата О.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Велес, информира Додевски.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница, д-р Елеонора Јованова изјави дека пациентка на 50-годишна возраст била донесена на одделот за хирургија, повредена во сообраќајна несреќа како пешак, се здобила со нагмечување на главата и скршеница на ребро.

– Направени се потребни испитувања и пациентката е пуштена на домашно лекување, додаде д-р Јованова. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега