Прегазено 5-годишно девојче во Струмица

 

Петгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од мотоцикл во Струмица.

-Вчера во 20:30 часот било пријавено дека во село Банско, струмичко, моторцикл „хусун“, без регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот Ш.И. од село Банско удрил во девојче пешак на возраст од пет години од село Банско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде било пренесено за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега