Прегазено дете во Неготино, со тешки повреди пренесено на скопските клиники

 

Прегазено е младо момче денеска околу 18.30 часот во Неготино на главната улица „Маршал Тито“, додека заедно со своето другарче ја преминувало улицата, пренесува „Фокус“.

11-годишното момче со тешки телесни повреди е пренесено на скопските клиники, па веднаш потоа оперирано.

Мајката на повреденото дете, видно потресена од настанот прашува до кога ќе се газат деца во Неготино и дали ќе бидат преземени конкретни мерки.

Инаку, на истата улица, каде е прегазено момчето, и пред неколку недели беше прегазено девојче на иста возраст, и тоа на околу десеттина метри од пешачкиот премин. 

08.08.2022 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа