Прегазил тинејџер во Тетово па наместо да му помогне избегал

Засега непознато возило удрило во 17-годишник во Тетово, а возачот наместо да му помогне побегнал.

-Вчера околу 14,35 часот било пријавено дека  во Тетово на ул. „Благоја Тоска“, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во Е. Д. (17) од с. Бродец-тетовско по што  возачот го напуштил местото  на настанот.  Е. Д. бил пренесен во Клинички центар Тетово каде му била констатирана тешки телесни повреди и  по  укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

23.01.2022 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега