Прекршок во сообраќајот во омилените летувалишта може да ве чини и до 500 евра- од вртоглавите суми ќе ви се сврти во глава

Грција останува една од омилените туристички дестинации за македонските државјани.

По пауза од повеќе од една година, ова лето повторно се полнат грчките плажи.

Доколку одите со автомобил не заборавајте ги сообраќајните правила и прописи во спротивно одморот може многу да ве чини.

Потсетување, за неврзан појас казната е 350 евра, за зборување на телефон додека возите ќе треба да платите 100 евра. 350 евра е казната доколку во вашиот автомобил се превезуваат деца без соодветно детско седиште.

 

За надминување на пропишаната брзина во населено место казните се од 100 до 500 евра.

Да не се држи далечина на автопат е новина во Хрватска и чини 150 евра.

- Затоа држете дистанца, ако го одредиме на време, тогаш најмалку три секунди, ако го определиме просторно, тоа е околу 70 до 100 метри со брзина од 100 до 120 километри на час - предупредува Вујаниќ.

 

Меѓутоа, ако сте решиле да го поминете летото во Бугарија, тогаш да не поседувате парче опрема чини 10 евра, возење без светла е 30 евра, да не носите безбедносен појас 25 евра и да претекнете преку полна лента 50 евра.

07.07.2021 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега