Премиерот Груевски ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија во Калининградската област

Денеска Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во чиј состав се и заменик претседателот на Владата на Република Македонија Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев денеска ќе оствари посета на Калининградската област во Руската Федерација.

 

 Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум во Калининград на кој ќе се презентираат можностите и поволностите кои Република Македонија ги нуди за странските инвеститори.

Во рамки на посетата, претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе оствари и политички средби со претставници на Калининградската Губернија.

 

 

 

најчитано сега