Премиерот Ковачевски на Минхенската конференција за безбедност

 

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на годинешната Минхенска конференција која се одржува од 17 до 19 февруари.

Премиерот Ковачевски е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На 59. издание на Минхенската конференција за безбедност, учествуваат повеќе од 450 носители на одлуки на високо ниво и истакнати светски лидери – вклучувајќи шефови на држави, министри, лидери на меѓународни организации и невладини организации, како и лидери од бизнисот и граѓанското општество.

Премиерот Ковачевски ќе оствари средби со лидери и високи претставници на одделни држави и меѓународни организации, а ќе учествува и на тркалезната маса посветена за земјите од Западен Балкан и важноста од евроинтегративниот процес во услови на геополитички превирања, информираат од Владата.

Три дена, Минхенската конференција за безбедност повторно ќе функционира како единствена платформа за дебати на високо ниво за најголемите предизвици на надворешната и безбедносната политика на нашето време.

Во фокус на Минхенската конференција за безбедност годинава ќе биде светското преструктурирање, предизвикано пред сé од воената агресија на Русија врз Украина.

17.02.2023 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега