Пренџов обвинува:Шилегов се исмеваше на оние кои што до вчера го поддржуваа

Во поглед на трката за втор круг, г-ѓа Арсовска веќе води со 8.000 гласови разлика, и кога ќе направите една анализа ќе видите дека иако Петре Шилегов очекуваше во Бутел, таму многу изгуби и сега гледаме дека тој се надева на победа од граѓаните од Чаир и Сарај каде што во Сарај му беше најголемата разлика, сакам да ве потсетам дека таму веќе имаме избрано градоначалник кој што е од редовите на ДУИ и не сум убеден колку ќе има простор за мобилизација на граѓаните таму бидејќи сепак прв ви е градоначалникот на општината, а потоа ви е градоначалникот на Скопје.

Ова го изјави Љупчо Пренџов во неговото гостување во Само Вистина на Канал5.

Тој истакна дека од Петре Шилегов во оваа изборна кампања видовме и дека треба да служи за пример за било кој нареден што ќе се кандидира во политика, а тоа е дека не смее и недозволиво е да не се почитува политичкиот ривал.

– Значи ние мора да престанеме да се нарекува политички противници, политички непријатели, ние сме политички ривали и мораме меѓусебно да разговараме и почитуваме што не беше пример со изборната кампања каде што господинот Петре Шилегов со индигнација се исмеваше на најголем дел на оние кои што до вчера го поддржуваа а сега ради него се кандидираат за градоначалници, додаде Пренџов.

27.10.2021 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега