Président Salakis Traditional сега и во вакуум пакување

Сите љубители на Président Salakis Traditional сирењето ќе ги израдува веста за новото, вакуум економично пакување од 300гр кое лесно се користи и се транспортира. Во време кога природата и сонцето нè повикуваат на дружба, ова сирење е неизоставен дел од секоја летна трпеза и е совршено залче со разни пијалоци, крекери, но и за на скара. Задолжителна состојка во салати и рецепти со домат, босилок, маслинки, пиперки или послужено со дресинг од маслиново масло и оригано.

Исечено на парчиња, со неодоливо сочен, кремаст и свеж вкус Président Salakis Traditional е богато сирење што секогаш ќе биде добро друштво и дома, во сосови и тестенини, супи и чорби, во рижото, лазањи, но и во топли сендвичи, пици и многу запечени јадења.

Иако постојат безброј комбинации на конзумирање, сепак Président Salakis Traditional својата македонска кулинарска препознатливост и популарност ќе ја одржи со топол леб, летна манџа и ладно пиво во летните денови создадени за одмор и уживање.

02.06.2021 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега