Пресметајте: Вашиот „животен број“ открива дали сте добри во кревет

Кога станува збор за сексуалните навики, одредени нумеролошки аспекти покажуваат дека личностите кои стојат зад броевите 3, 5 и 8 имаат силно изразен сексуален апетит.

Најпрво, треба да го одредите вашиот „животен број“ така што ќе ги соберете броевите од вашиот датум на раѓање.

Пример: 20.05.1980: 2+0+0+5+1+9+8+0= 25.

Потоа собирате 2+5=7.

Личноста родена овој ден е родена под бројот 7 значи не припаѓа на трите броеви кои имаат најголема сексуална енергија.

Животен број 3

Овие личности се благословени со исклучителна сексуална енергија која ја изразуваат на различни начини.

Обожаваат да фантазираат и се слободни кога водат љубов. Заради изразеното либидо тие се склони често да менуваат партнери и да допуштат сексуалната енергија да го преземе кормилото над нивниот живот.

По природа се друштвени, полни со енергија и знаат како да уживаат во животот.

Тие се шармантни и со добра смисла за хумор. Лесно склопуваат нови познанства и остваруваат блиски односи.

Животен број 5

Страствени се и во константна потрага по љубов. Тие се како магнет – многу брзо и лесно го привлекуваат вниманието каде и да се појават. Сексот за нив има голема улога во живото и често им се наоѓа на врвот на листата со приоритети.

Со годините им расте и сексуалниот апетит, па се очекува да се најдобри во кревет во своите 30-ти години.

Често флертуваат и се познати по својот неодолив шарм.

Животен број 8

Често се наоѓаат во скандали заради својот сексуален живот. Знаат да изневеруваат, но не заради емоции, чисто заради либидото над кое често немаат контрола.

Имаат проблем да остварат блискост во емотивни врски заради тоа што често ги надвладуваат страстите.

Ако не водат љубов доволно често, знаат да бидат фрустрирани па дури и агресивни.

 

Овие личности се познати како кариеристи, многу амбициозни и подготвени да ги остварат своите цели по секоја цена.

27.09.2021 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега