Престанала да пие вода и тврди дека со тоа ги решила здравствените проблеми – внесува течности само на еден начин

35-годишната Софи Прана живее на Бали, Индонезија, а тврди дека пред една година престанала да консумира вода, а внесува течности само од овошјето и зеленчукот.

Таа пости секој ден по 13 до 14 часа, кога воопшто не консумира храна и вода, туку внесува само “жива вода” од сокови и кокосово млеко. Софи тврди дека со тоа ги решила сите свои здравствени проблеми како воспалени зглобови, црвени и отечени очи, алергија на храна, проблеми со кожата и желудочни тегоби. 

„Лицето и зглобовите ужасно ми отекуваа, а поради тоа изгледав болно. Лекарите ми велеа дека сум добро и дека проблемот со отечени очи може да се реши со помош на операција. Тогаш една пријателка ми препорача да постам и се одлучив да го испробам тоа. Отоците започнаа нагло да се намалуваат и навистина бев подобро”, рекла Софи.

Тврди дека водата, без разлика дали е од чешма или флаширана, ги оптоварува бубрезите и предизвикува надуеност.

Првиот месец од постот ѝ бил тежок бидејќи устата ѝ била сува, а мозокот постојано ѝ велел дека ѝ треба вода. Таа верувала дека всушност не ѝ треба вода и дека е доволно хидрирана – сè што било потребно е да го научи мозокот на новиот начин на исхрана. Најдолго што издржала без вода било 52 часа, но Софи се надева дека ќе ја постигне својата цел – 10 дена без вода.

 
 
 
View this post on Instagram

Bevor die Reise nach Bali los geht noch schnell den Reiseproviant einkaufen. Vor allem auf Reisen neigen wir zu Verstopfung, durch Flüssigkeitsmangel, salziges Essen und langes Sitzen. Darum ist es besonders auf Reisen wichtig Früchte und Kokoswasser zu sich zu nehmen. Ich bereite mir die Früchte in einer Brotdose vor, geschält und geschnitten gibts keine Kleckerei und ich bin nicht verleitet Chips, salzige Nüsse oder überteuerte Flughafen Smoothies zu kaufen. Die Früchte sollten hoch im Wassergehalt sein und gegen den Hunger hab ich auch immer ein paar Bananen einstecken, der beste Reisesnack aller Zeiten . Traveling often leads to constipation because we tend to de-hydrate, eat way too salty food and move too little. To prevent constipation I implemented friut-prep before going on long trips. I buy fruits high in water content, peal them, cut them and take them in a box. I also buy coconut water for better hydration of my cells, some bananas are also great for snacking. Have you ever experienced constipation after traveling? (I think once I was constipated for 5 days after a long teip ) Share yours pls #foodprep#fruitbased#constipation#fruitnews#vegangirl#veganfitfam#vegantreats#veganrecipe#plantbasedcooking#gesundundlecker#gesundessen#gesundeernährung#weightlosstransformation#veganfitnessgirl#pimpyourprana#traveling#dryfasting

A post shared by SOPHIE PRANA (@pimpyourprana) on Jan 6, 2020 at 10:26pm PST

Пред постот, 35-годишната Прана била поборник на уринотерапијата – таа ја пиела својата урина за да ги намали болките во желудникот и да го подобри здравјето на кожата. Сите свои терапии, диети и сопствени режими на исхрана ги споделува и на својот Јутјуб канал.

Но, лекарите и научниците не се согласуваат со ваквиот начин на живот бидејќи сметаат дека дехидрирањето на организмот е опасна работа. Само три дена без вода може да го убие човекот бидејќи водата го чисти телото од токсични материи, а не постојат никакви докази ниту истражувања дека дехидрирањето има позитивни влијанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега