Престрелка на воен аеродром во Австрија: Еден војник загина, а друг е ранет

Еден војник загина, а друг е ранет во денешната престрелка во воздухопловната база во австрискиот град Винер Нојштад, соопшти портпаролот на австриското Министерство за одбрана.

„Во касарната на воздухопловната база во Винер Нојштад, еден војник на стража загина, а друг е ранет во размена на оган што се случи утринава, нешто пред 7:00 часот“, објави портпаролот Михаел Бауер на Твитер.

Според информациите, војник на стража пукал за време на очигледна расправија, а потоа бил убиен од висок воен офицер.

Австрискиот радиодифузер ORF објави дека чуварот кој бил убиен бил на 20-годишна возраст и од провинцијата Долна Австрија.

06.01.2023 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега