Пресудата за 27-ми април доставена до обвинетите и адвокатите

 

Пресудата за извршителите на нападите на  27–ми април, која е напишана на 1.055 страни, судијката Добрила Кацарска ја достави до обвинетите и адвокатите, објави Алсат-М.

Сега одбраната има рок од 15 дена да напише жалба на досудените 211 години затвор за 16 обвинети за крвавиот 27 – ми април. Иако Кривичниот суд пресудата на писмено требаше да ја достави за 60 дена, го проби рокот поради големината на предметот и бројот на обвинети. Адвокатите веќе започнале да подготвуваат жалби до Апелација. Највисока затворска казна доби поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков или 18 години, додека најниска, седум години доби членот на собраниското обезбедување Абдулфета Алими.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега