Претепан скопјанец заврши во Градска
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошол 60-годишниот М.Т. од Скопје. Според неговиот исказ, во 14:20 часот на бул. „Јане Сандански“ тој бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
06.01.2021 - 16:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа