Претепаниот лекар од тетовската болница е во критична состојба, познат неговиот идентитет

Недоразбирање меѓу пациент и доктор во Тетово заврши со крвопролевање. Пациент од Голема Речица кој бил нервозен претепал доктор на Клиничката болница во Тетово, јавува „Алсат“.

Според неофицијални информации, лекарот е во критична состојба и е пренесен на скопските клиники.

Инцидентот е пријавен во полиција утрово околу 9 часот.

-45-годишник со иницијалите А.Е кој бил вработен во кожното одделение на Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од 43-годишен пациент со иницијали А.Б од голема Речица. Напаѓачот е уапсен и задржан во полициската станица, објави „Алсат“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега