Претрес во Кавадарци: Пронајдено поголемо количество оружје и муниција

Муниција и оружје биле пронајдени вчера при полициски претрес во домот на М.Т. (50) од Кавадарци.

Како што информираат од МВР, во претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени биле 273 парчиња боева муниција калибар 7,62х39, 173 парчиња муниција калибар 9х19, 240 парчиња маневарска муниција калибар 7,62х39, 13 парчиња муниција калибар 7,65, две парчиња муниција калибар 12,7, пиштол „црвена застава“ без рамка за куршуми и пиштол „црвена застава“ калибар 9 мм со рамка.

Со М.Т. бил извршен разговор, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2021 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа