Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

 

Вчера во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.Д.(36) од село Банско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По дополнително преземени мерки и извршен службен разговор со Г.Д. било констатирано дека дрогата ја поседувал заедно со Д.К.(20) од село Банско, кој потоа, исто така, бил лишен од слобода. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така вчера во 13.25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.Т.(20) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мини“ со гевгелиски регистарски ознаки, Б.Т. од возилото фрлил кутија со марихуана, која е пронајдена и одземена. После тоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.Т., при што биле пронајдени повеќе семки од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
18.05.2025 - 10:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега