Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска денеска ќе поднесе оставка

 


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска се очекува да ја поднесе својата оставка, откако против неа беше поднесено обвинение во врска со случајот „Адитив“, пренесе Сител.

Обвинителството ја сомничи Димитровска за две дела поврзани со овој случај- според истрагата таа незаконски се стекнала со сертификат за државна тајна а потоа и го злоупотребила оддавајќи тајни информации на осомничен во случајот Адитив.

Според информации на Сител, оставката ќе биде официјализирана во текот на денот, а потоа на потег ќе биде собранието да ја констатира и да избере нов член.

Ова е првпат претседател на Антикорупциска комисија да се соочи со кривично гонење додека е на функција. Настанот предизвика силни реакции во јавноста, а повеќе граѓански организации повикаа на целосно расчистување на случајот и транспарентност во постапката.

25.07.2025 - 09:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега