Претседателот ќе се откаже од сопствената плата, ако побара Владата

Шефот на државата Стево Пендаровски се согласува на сетот економски мерки кои Владата ги соопшти денеска и рече дека одлуката, сите функционери да земаат минимална плата, е добра затоа што на тој начин има праведно распоредување на товарот на кризата.

– Претходната мерка која циркулираше не беше добра. Не се согласувам со мерка, сите во администрацијата да примаат минималец – рече тој.

На прашањето нa Плусинфо, дали ќе се откаже од платата во време на кризата предизвикана од коронавирусот, Пендаровски одговори:

– Да, ако предложи Владата таква мерка, јас прв ќе ја прифатам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега