Претседателот на ФИФА упати телеграма со сочувство за смртта на Кирил Дојчиновски

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино упати телеграма со сочувство за смртта на еден од најголемите македонски фудбалери во нашата историја, големиот Кирил Дојчиновски, информираа денеска од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во телеграмата до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и целото македонско фудбалско семејство, првиот човек на светскиот фудбал изразува длабоко сочувство до семејството, истакнувајќи дека Кирил Дојчиновски е вистинска легенда на југословенскиот фудбал и еден од најголемите во неговата генерација.

-Ќе ни недостасува неговата фудбалска големина, лидерството, но уште повеќе човечката и хуманата величина на Кирил Дојчиновски, велат од ФФМ.

12.08.2022 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа