Претставници од Кабинетот на Пeндаровски оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод 21-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положија цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје.

Како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, делегација во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност и одбрана положија цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп. 

08.08.2022 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа