Преубав поглед: Повеќе од 300 делфини во „стампедо“ (ВИДЕО)

Преубава сцена доаѓа од Дејн Порт, Калифорнија. Станува збор за вистинско „стампедо“ од делфини, а се чини дека имало околу 300 единки.

Делфините се движеле прилично брзо, па повеќе време поминувале во воздух отколку во вода.

Не се знае точната причина поради која се случува овој феномен, а некои од можните причини е бегање од предатори, потрага по храна или „состанок“ со друга група делфини.

Југот на Калифорнија е познат по тоа што таму има најголема густина на делфини по метар квадратен, а се проценува дека во регионот има околу 450.000.

Ова може да се смета и за мала група, зашто досега биле видени групи од по 10.000 делфини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега