Превезувал патници, а немал лиценца - ќе одговара кривично

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.С.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај, извршена на 26.04.2022, во 09.25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициските службеници сопреле такси патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот.

Притоа, констатирале дека тој нема извод и лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган.

18.05.2022 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа