Примил четири дози на вакцина и закачи корона: Директорот на Фајзер позитивен на вирусот

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, денеска објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека има многу благи симптоми, пренесува „Ројтерс“.

Бурла (60) рече дека започнал со терапија со користење на антиковидовиот лек на компанијата „Пакловид“ и дека во согласност со јавно-здравствените мерки на претпазливост е во изолација.

– Уверен сум дека брзо ќе закрепнам – рече Бурла во соопштението.

Бурла прими четири дози од вакцината против ковид развиена од „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер.

Неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот во изминатите неколку месеци, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и неговиот главен медицински советник, д-р Ентони Фаучи, потсетува „Ројтерс“.

Бајден помина повеќе од две недели во изолација во Белата куќа откако во два наврати беше позитивен на тестот за ковид-19.

Пакловид е лек за коронавирус кој се користи за лекување  луѓе со висок ризик, како што се постари пациенти, пренесе Телеграф.рс.

15.08.2022 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега