Примиле Украинка како бегалка, па поради неа сопругот ја оставил жената

Неверојатна приказна се појави во медиумите, во која главната улога ја има Тони Ганет од Бредфорд, кој ја оставил неговата сопруга Лорона, откако се вљубил во украинска бегалка.

Украинката Софија го напуштила Лавов по почетокот на руската инвазија, а Ганет се пријавил за да помогне на бегалците, по што ја примиле девојката во семејниот дом.

„Ситуацијата кулминираше во саботата коа Лорона ја нападна Софија, а употребуваше зборови кои ја расплакаа девојката. Таа кажа дека не може да остане под нашиот покрив и сакаше да ја избрка Софија“, открил мажот за медиумите.

Меѓутоа, Ганет не го прифатил барањето на сопругата и решил да ја напушти заедно со Софија, по што се преселил во домот на неговите родители.

24.05.2022 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа