Приправничкиот стаж на полицајците - приправници се намалува од шест на пет месеци

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која се утврдува дека приправничкиот стаж на полицаец – приправник кој има склучено договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на 1 ноември 2019 година согласно членовите 99 и 102 од Законот за внатрешни работи, трае пет месеци.

-Оваа уредба е донесена заради прогласената вонредна состојба во државата која наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството, вклучително и полицајците – приправници, и од тие причини се предлага оваа уредба со законска сила, со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец - приправник (утврден во член 102 од Законот) се скратува од шест на пет месеци, велат од Владата.

На овој начин ќе се овозможи дополнителен број на полициски службеници, согласно потребите, динамиката, обврските и задачите што ги има полицијата, за спроведување на одлуките, препораките, заклучоците и мерките што ги утврдува Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега