Пристигнаа лидерите: Започна лидерската средба меѓу Заев и Ахмети за состав на Влада

 Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети попладнево пристигнаа во Клубот на пратениците каде што треба да одржат средба од која се очекува конечен договор за  формирање владина коалиција.

Заев и Ахмети се придружувани од генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби.

Како што соопштија вчера СДСМ и ДУИ, постигнат е сериозен договор меѓу двете партии во преговорите за формирање влада, СДСМ закажа Централен и Извршен одбор за утре.

За време на викендот и вчера продолжиле интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна влада на Република  Македонија.

 

 

 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2020 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега