Приведен тинејџер, украл добиток од штала во Гостивар


Вчера во 09.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(19) од истото село.

Тој се сомничи дека во период од 12.04. до 16.04.2024 од штала сопственост на А.И.(36) од селото одзел неколку грла добиток.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

17.04.2024 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега