Приведена малолетничка од Струмица, полицијата и пронајде дрога


Ноќеска во 01:00 часот во Струмица полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода Б.И.(39) и малолетничка од Струмица.

При извршен преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена марихуана.

Во Полициската станица Струмица бил извршен разговор со малолетничката во присуство на нејзините родители.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

31.03.2024 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега