Приведени двајца малолетници во Тетово, затекнати при обид да извршат „тешка кражба“


Ноќеска во 02.00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници.

Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

01.04.2024 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега