Прободен тетовчанец итно пренесен на Клиника во Скопје

Околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека пред угостителски објект на улицата „Маршал Тито“, по претходна расправија Х.П.(38) од Тетово со остар предмет го нападнал А.М.(35) од Тетово, нанесувајќи му убодна рана.

А.М. бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Од полициски службеници од СВР Тетово на местото на настанот е пронајден иподигнат ножот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега