Професорот Мика Алексиќ добил уште 20 пријави за силување

Распитот на актерката Ива Илинчиќ во белградското обвинителство продолжи со собирање сведочења против сопственикот и шефот на училиштето за глума во Белград, Мирослав Алексиќ, кого неколку студентки го обвинија за силување и сексуално злоставување.

Ден претходно, во неколкучасовно емотивно сведочење, сведочела актерката Милена Радуловиќ, која јавно поднесе обвинение против Алексиќ, а на неа и се придружија уште неколку актерки, поранешни ученички на школата за глума на Алексиќ, кои сведочеле дека биле жртви на сексуално злоставување во период од 2008 до 2020 година, во време кога биле малолетни или подоцна.

Тоа било доволна причина полицијата да го уапси Алексиќ, кого го распрашувало обвинителството, а тој ги негирал обвиненијата и ја ставил под прашање мотивацијата за водење на целиот случај, а Вишиот суд му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, меѓу другото, и заради можно влијание.

Според белградските медиуми, најмалку 20 други девојки го пријавиле во полиција, тврдејќи дека тие исто така биле жртви на Алексиќ.

Еден од правните застапници на Ива Илинчиќ, Југослав Тинтор, за новинарите изјавил дека Ива „изјавила точно и детално сè на што се сеќава“ и ги прашал медиумите, сметајќи дека меѓу жртвите на Алексиќ има и малолетнички, како и другите жртви кои не се подготвени да застанат пред камери, за соодветно да ја следат целата постапка.

Според него, новинарите помагаат да се подигне ова прашање на сегашното ниво со цел да се открие вистината и да се испрати порака за охрабрување до другите жртви да пријават насилство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа